Состанокот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања заврши, но без конкретен договор или одлука во однос на содржината на учебниците за седмо одделение во македонскиот образовен систем.
Како што оценија македонските претставници во Комисијата, средбата била позитивна, имало конструктивни дискусии, но засега не е постигнат никаков договор.
– Дискутиравме отворено, имаше конструктивна атмосфера. Дискутиравме за учебниците од 7 одделение во македонсккиот образовен систем и забелешките на колегите од Бугарија во однос на тие учебници. Разговаравме за дневниот ред кој веќе две три седници наназад се провлекува и мислам дека имавме една позитивна атмосфера во разговорите. Продолжуваме утре во 9:30 часот. Денеска дискутиравме само за учебниците, но се уште нема никаков конкретен резултат или конкретен заклуччок. Дискусиите продолжуваат утре на иста тема – изјави по средбата македонскиот претставник Драги Ѓорѓиев.