„Неочекувано сум вознемирен откога се отворени пријавите за избор и прогласување победник во неспортската дисциплина маж на годината. Во 13 категории се избираат успешни менаџери, извршни директори, доктори, компјутерџии, професори, актери, продуценти, музичари, шоумени, стилисти, спортисти, хедонисти и разни други исти.
Иако не знам во кои припаѓам, уште од лани низ главата ми се мота идејата да се пријавам, иако дел од условите исполнувам, а некои, и да сакам, не можам да ги исполнам. Идејата навидум е лудачка, пародична, можеби параноична, но голите факти говорат дека е реална. Реална, но неостварлива. Не знам зошто е реална, иако е налудничава самата намера да конкурирам за избор за маж на годината на моите 75 години, во натпревар во кој не се пожелни ислужените коњи? Тоа би било исто како во народната песна „го пратиле дедо во планина мечките да го изедат, еј бреј, лош дедо, бре“.
Без грам сомнеж може да конкурирам во категоријата менаџер на годината. Зошто? Немам свежи бизнис-идеи ниту сум научил да манипулирам со нив, но работите што ми се доверуваат ги менаџирам одлично по мое сопствено мислење, иако добивам критики, често и од најблиските, најчесто од сопругата. Во апликацијата ќе опишам што менаџирам успешно“, пишува Панде Колемишевски во утрешната колумна.

Целата колумна прочитајте ја во утрешното печатено издание на „Нова Македонија“