Според посебниот закон и договорот, конзорциумот „Бехтел Енка“ е обврзан да ангажира најмалку 51 отсто од локалните ресурси, напиша на Фејсбук првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
-Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија и Србија околу 50 отсто. Првичните прогнози, по анализата на пазарот, се дека и кај нас ќе биде ангажирана целата расположлива работна сила, по можност и над 70% – пишува Груби.
Појаснува дека строго ќе се почитуваат сите права и обврски предвидени со законот за работни односи и другите закони.
-Уште еднаш да потсетам: Опозицијата, ВМРО и Левица, со блокадата на законите во Собранието ќе ја чини државата над 150 милиони евра и две години залудно потрошено време. На ниту еден начин не можат да ја спречат реализацијата на проектот, можат само да го поскапат и да го одложат завршувањето на автопатите.
Дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо, зависи од пратениците – прецизира во напишаното Груби.