На изложбата „Македонија во светот на хералдиката“
По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, и 10 Јуни, Светскиот ден на хералдиката, Македонското грбословно друштво и Културниот и информативен центар во Битола организираа изложба со наслов „Македонија во светот на хералдиката“. На изложбата се претставени над 70 грба поврзани со Македонија, почнувајќи од 14 до 21 век.
Изложбата на 35 панели се состои од два дела. Првиот дел е за историски грбови поврзани со Македонија од 14 до 18 век, поделен во три дела: грбовите на Македонија од европските и илирските грбовници, на кралот на Македонија, припишаниот грб на Александар Македонски и принцот Македон од Ематија.
Вториот дел е за современите македонски грбови и тој е поделен во три аспекти: грбови на институции и организации, општински грбови и лични грбови. Автори на изложбата се потпретседателот Иван Нацевски и претседателот д-р Јован Јоновски на Македонското грбословно друштво, а ликовното уредување е на Димитриј Михајловски од истото друштво, кое е единственото стручно тело по хералдика во Македонија. Промотор на изложбата е публицистот Ставре Џиков.
Д.Ст.