За одбележувањето на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, Министерството за внатрешни работи (МВР) е задолжено да ги преземе сите мерки за обезбедување на настанот, согласно со препораките соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност, одлучила Владата на денешната седница
Според вчерашните најави од неколку владини функционери, на денешната седница се очекуваше да се расправа и за предлогот на претседателот Стево Пендаровски да го прогласат бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски за „персона нон-грата“, како и други бугарски државјани, поради понижување и негирање на македонскиот народ.
Во владиното соопштение се наведува дека во делегацијата, којашто во име на Владата ќе присуствува во црквата Свети Спас во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев, ќе бидат премиерот, Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби и министрите Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска Стојчевска.