Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја повтори поддршката за бранителите и посочи дека претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути треба да го стави на дневен ред предлог-законот за бранители.
Одговарајќи на новинарско прашање дали законот за бранители ќе биде ставен на седница на Комисијата за труд и социјална политика, упати на одговор кај претседателката на Комисијата, Илире Даути, пратеничка од опозицискиот Европски фронт.
– За тоа ќе ја прашате Илире Даути. Треба да го стави – рече Мицкоски.
За поддршка на законот, како што изјави, не разговарал со коалициските партнери „Вреди“.
– Не сме разговарале на таа тема, многу јасно сме го соопштиле нашиот став во минатото. Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка – изјави Мицкоски.
Законот за бранители, на предлог на пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска, доби поддршка да се носи по скратена постапка во рамки на 14. седница на Собранието.