Во црквата „Св. Спас“ почна одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Пристигнати се претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министрите за внатрешни работи, одбрана и култура, Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска-Стојчевска, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и делегации на државни институции, партии и граѓански здруженија.
Лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски беше првиот кој пристигна пред платото на црквата Свети Спас.
По него пристигна дел од делегацијата на Владата односно министерките Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска-Стојчевска, а по нив дојде собраниската делегација предводена од Горан Мисовски.
Пред платото пристигна и Павле Трајанов. А пристигна и делегацијата од СДСМ предводена од Миле Зечевиќ.
Дојде и премиерот Димитар Ковачевски заедно со првиот вицепремиер Артан Груби.
Според најавите од бугарското МВР, се очекува да присуствува и бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.
Во црквата „Св. Спас“ влез имаат само акредитирани делегации и новинари кои поминуваат низ повеќе безбедносни проверки.