Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит на уметници, иноватори, лидери и пионери во различни области.
Мојсов е светски познат научник чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина.
Во Универзитетот „Рокфелер“ Мојсов почналa да го истражува дијабетесот уште како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд. Во 1980-тите, таа се преселила во Општата болница во Масачусетс, каде што почнала да го истражува тогаш мистериозниот GLP-1 (пептид 1 сличен на глукагон). Таа беше првата што ја идентификуваше биолошки активната секвенца на GLP-1, скриена во неговата целосна низа од 37 амино киселини.
Во соработка со други, Мојсов продолжи да докажува дека GLP-1 предизвикува ослободување на инсулин во панкреасот, работа што доведе директно до терапевтски развој на агонисти на GLP-1. Фактот што оваа нова класа на лекови сега ја користат милиони луѓе е многу среќна, таа вели: „Тоа ме прави да се чувствувам професионално и лично исполнето – стои во објавата на Универзитетот „Рокфелер“ во САД.
Во овој престижен избор Мојсов се најде заедно со уште двајца научници, Џоел Хабенер и Ден Дракер, во сегментот „Пионери“, а меѓу останатите влијателни личности се Америка Ферера, Лесли Локо, Офелија Дал, Кенеди Одеде и други.