Осумгодишниот генијалец од Тетово, Македон Димтровски, се фотографираше со сребрениот медал добиен на годинешниот натпревар „Математика без граници“.
Владимир Димитровски, татко на математичкиот гениј, преку социјалните мрежи ги објави неговите фотографиите со медалот, како и фотографија од сертификатот за освоено второ место на натпреварот.
– Да ни се множат успесите – напиша тој во својата објава.
Генијалецот Македон добил трет медал на светски натпревар и куп разочарувања од МОН
Натпреварот „Математика без граници“ се одржа на 13 февруари.
Македон, досега на Македонија ѝ донесе два златни медали по математика, а во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ доби и финансиска поддршка.
Македон ги доби златните медали за освоените први места во математика на светско ниво