Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Локализиран е пожарот што денеска избувна во кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје.

Таму, како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), сѐ уште се екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и нема информации за горење на какви било опасни материи, Во еден од објектите на поранешната фабрика, како што информира ЦУК, опожарени се оџак и дрвена маса.

За две недели ова е вторпат да има пожар во кругот на ОХИС. Претходно гореше сува трева зад фабриката.