Фото: Влада

Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Твитер-профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ја признае самопрогласената независност на украинските региони Доњецк и Луганск.

– Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015 – напиша Ковачевски.

Заедно со НАТО сојузниците, додава премиерот Ковачевски на социјалната мрежа, повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат.