Манастирот Бигорски

В петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

В сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела и во следните денови времето повторно ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи.

Во Скопската котлина в петок претпладне ќе има пороен дожд со засилен ветер и услови за појава на грмежи. В сабота се очекува претежно сончево време, а в недела и во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.