Фото: Маја Јаневска-Илиева

УХМР најавува дека утре попладне, претежно во западните делови, како и во среда, на повеќе места, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на локално невреме.

Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе услови намалување на дневната температура.

Според УХМР, утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец, а попладне, претежно во западните делови, ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе изнесува осум. Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 33 степени.