Упатство од МОН како што вети министерот дека денес ќе има, нема, а писмен протокол од МВР исто така нема. Факт е дека во петокот служебници од МВР посетуваа училишта и даваа инструкции на директорите, денес беа повикани директорите на некакви состаноци, но се е тоа усно кажано и МВР смета дека со усни упатства ќе треба да функционира безбедносниот систем. Дали е тоа прифатливо, нека суди јавноста, според мене не е прифатливо, треба посериозно да се сфати обезбедувањето на училиштата, изјави Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.
Таа посочи дека тоа што имавме мирен привидно, не значи дали навистина е мирен или се обиди да се намали стравот кај родителите и учениците, додека треба да има конкретни чекори од страна на МВР, наместо упатства да се сменат мејловите.
– Смешна беше онаа препорака дека ако се избришат сите мејлови дека ќе нема дојави, ги сменија мејловите. Откако ги сменија, добија дојави. Треба да се бара начин како навистина да се реши проблемот. Тоа што можеби ќе доаѓа полицаец во текот на денот служи за смирување на учениците и наставниците, но не е реална одбрана од дојавите иако МВР има можност. Ако на гробот на Гоце Делчев можеше да има 2.000 полицајци, зошто во 100 училишта не може да има 400 полицајци? – рече Јаневска.
Според неа треба технолошки да се види како функционира во високо развиените земји, но постојат и начини кои сите секојдневно ги користиме како видео камери, сензори.
– Но да тргнеме од домаќинствата. Нели имаат некои видео камери, јас не слушнав дека некои од училиштата кои се под постојан безбедносен ризик, дека се поставиле видео камери, сензори на прозорците да се добие сигнал да се направи проверка. Има можности но треба да се разработат идеите. Официјалните мејл адреси не може да ги затворат бидејќи таму добиваат официјални документи- рече таа.
Јаневска во врска со објавите дека нападите доаѓаат од одредени земји, посочи дека еднаш рекоа дека доаѓаат од еден дел на светот, сега од друг дел на светот, па постојано хибридна војна, а еднаш не слушнавме да кажат од кого да се браниме и дали некој ќе ни помогне.
– Ако нема, што треба да се преземе за д ана крај се одбраниме, како што се бранат напредните земји- нагласи Јаневска.