Фото: МИА

Претседателот на Основен Кривичен суд Скопје, Иван Џолев, на денешната седница на Судскиот совет по изборот во 2017, беше одново избран за претседател. Тој беше и единствениот пријавен за оваа позиција, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА.

По вторпат, исто така, беше избрана и Емел Кранли Али, за претседателка на Основниот суд во Ресен.

Освен во Скопје и Ресен, на денешната седница треба да се изберат претседатели на Основните судови во Тетово и Виница.

Судии на денешната седница треба да се бираат и за Апелациониот суд во Гостивар, како и Кривичните судови во Скопје и Штип.

Во моментов, седницата е прекината поради немање струја во просториите на Судскиот совет.