На крајот од минатиот месец, односно на 23 февруари беше реализирана координирана акција помеѓу германскиот полициски инспекторат, германската полиција во Дортмунд, Канцеларијата за криминалистичка полиција на Австрија и босанското министерство за внатрешни работи (Кантон Сараево), под координација на Европол. Тие успешно разбија организирана криминална група што крадела автомобили низ Германија.
Во криминалната мрежа биле инволвирани жители на Босна и Херцеговина, кои нелегално престојувале во Германија, а кои извршувале голем број криминални дела.
– Во Дортмунд беа претресени вкупно четири имоти. Како резултат на тоа, тројца осомничени беа уапсени во и околу Дортмунд (Германија). Оваа криминална мрежа опфаќала босански државјани што нелегално престојувале во Германија и вршеле злосторства во сојузните покраини Долна Саксонија, Северна Рајна Вестфалија и Хесен – информираа од Европол.
Оттаму додадоа дека осомничените се товарат дека во доцните вечерни часови упаѓале во станбени згради, каде што влегувале во станови и краделе клучеви од возила, кои потоа ги краделе. Вкупната вредност на украдените возила надминува 1,5 милион евра.