Осуденик му го одзел пиштолот на вработен во Затворската полиција, пукал во него и го ранил, а потоа избегал со автомобил „ауди“, информира МВР. Осуденикот во бегство Б.М. синоќа бил спроведуван од страна на Затворската полиција од КПУ Идризово кон Ургентен центар „Мајка Тереза“.

По инцидентот четворица вработени во Затворска полиција, кои биле со службено комбе „форд транзит“, синоќа во 23.20 часот побарале помош од полициски службеници на СВР Скопје.

Повредениот вработен во Затворската полиција И.Х. бил пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Д.Т.З.