Фото: МВР

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, синоќа на ул. Босна и Херцеговина во Скопје го привеле А.О. (37) од Гостивар.
Кај него биле пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец. При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања.


Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода, како што информираат од МВР.

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.