Над 2.100 фалсификувани луксузни часовници во транзитна пратка за Македонија се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, јави дописникот на МИА од Белград. По запленувањето се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети кои пристигнале со пратка од Хонг Конг. Дванаесет пакети биле на пат кон Македонија, а биле транспортирани преку аеродромот во Германија.
-Да беа оригинали, часовниците би вределе околу 176 милиони евра, се вели во соопштението на царинската служба, пренесе Дојче веле.
Цариниците ги пронашле часовниците во октомври, но квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11 производители на луксузни часовници.