Фото: МИА

Бројките од центрите за социјална работа покажуваат дека немаме драстично зголемување на пријавите за семејно насилство или за насилство врз жените, но бројките од разрешницата во судовите покажуваат дека во најголем број на случаи или странките се повлекуваат во судската постапка или имаме судски пресуди кои се или ослободителни, бидејќи нема доволни докази во самата постапка, или се пресуди кои не соодвествуваат со законската регулатива, во однос на изречените казни.

Ова денеска го изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, пред Регионалната консултација за родова еднаквост и борба против насилството врз жените.

Таа информираше дека оваа година има од 900 до 1.000 пријавени случаи на семејно насилство преку Центрите за социјална работа. Како што рече, и вкупно имало 1.129 жртви на семејно насилство, од кои жени се 792, мажи 177, а деца-жртви на семејно насилство се 160.