Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници – соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Пет лица во Гостивар, од кои еден е малолетник, а еден учествувал во претходна сообраќајна незгода, четири лица во Скопје, две лица во Кичево од кои еден малолетник и по едно лице во тетовско, Кривогаштани, Прилеп и Битола. Под дејство на алкохол возело едно лице во Делчево. Додека пак, по едно лице во Кичево и Кавадарци возеле со забрана за управување на моторно возило – се посочуваа во соопштението.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


































