Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вечерва се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од 21 часот сообраќајот на овој патен правец е во прекин.
Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вечерва во 20:55 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол во која учествувале три возила.
– Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени. Дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево, дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје – изјави Димоски за МИА.