Судењето на обвинетите во „Транспртер 2“ продолжи во Кривичниот суд во Скопје по пет месеци пауза, иако сѐ уште не е донесена пресуда на Апелациониот суд во Скопје за случајот „Транспортер “ со превозот на учениците. Но, како и на почетокот на
на судењето во април, кога беше одложено поради мозочен удар на еден од
обвинетите, и продолженето на судењето е прекинато и одложено за два месеца.

До одложување на судењето дојде поради тоа што ќе се чека конечната пресуда на
Апелација за обвинетите во „Транспортер“. Од пресудата на Апелациониот суд ќе зависи текот и расплетот на судењето на обвинетите во „Транспортер 2“.

Со првостепената пресуда на Кривичниот суд, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, е осуден на 8 години затвор, а секретарот на општината Слободан Бончановски на шест и пол години затвор.

Со првостепената пресуда неколку директори на автопревозните претпријатија се
осудени на казни затвор од две до три и пол години, а директорите на училиштата се условно осудени.

По изрекувањето на првостепната пресуда Талески и Бончановски се во домашен притвор повеќе од две и пол години, а на останатите осудени лица им е ограничено правото на движење одземеени им се патните исправи.

Во „Траспортер 2“ обвинети се С.П.(54), С.Д.(58), В.П.(48), П.П.(51), С.Б.(58) и В.Т.(58), сите од Битола, вработени во Општина Битола, поради постоење
основи на сомнение за сторени две кривични дела „несовесно работење во службата“
(предвидено и казниво по член 353-в од КЗ на РМ) и „злоупотреба на службена положба и овластување“ (предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ), соопшти МВР.

Како што се посочува, С.П., С.Д., В.П. и П.П. во својство на членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Битола, постапиле спротивно на член 169 од Законот за јавни набавки на тој начин што не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици во учебната 2015/16 се многу повисоки од реалните цени на пазарот, (пример: за една од линиите посочени во тендерот во учебната 2013/14 година цената за превоз по ученик на ден била 1.000 денари, во учебната 2015/16 била 3.168 денари по ученик на ден, додека во учебната 2016/17 формирана била цена од 440 денари по ученик на ден), со што на две правни лица, превозници од Битола, им било овозможено да се стекнат со поголема материјална корист.

Според обвинението, секретарот на Општина Битола, иако немал ингеренции врз работата на Комисијата за јавни набавки, потпишал согласност за склучување на договори за превоз на ученици во учебната 2015/16 со нереални пазарни цени. Градоначалникот, пак, донел одлука за најповолни понудувачи по тендерот за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, по што потпишал штетни договори со две правни лица – превозници од Битола. Со преземените дејствија пријавените на општина Битола и причиниле материјална штета од 4.321.388 денари М.М.