Фото: Пиксабеј

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Б. (38) од Тетово поради тоа што му биле пронајдени 501 таблета екстази, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

– На 09.09.2024 околу 01:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Б. затоа што во станот во кој престојува со неговата девојка на подрачјето на Карпош во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со нејзиниот татко. Подоцна, неговата девојка пријавила дека во станот пронашла ќеса со таблети, кои му припаѓале на А.Б.. Полициски службеници извршиле преглед во станот и ги одзеле таблетите. А.Б. бил задржан во полициска станица, каде во службен разговор признал дека таблетите се негови – се посочува во соопштението од МВР.