Продолжува потрагата по возачот и евентуални сопатници од автомобилот што вчера излета во реката Вардар кај тетовско Желино, известуваат медиумите. Возилото „фолксваген голф 4“ беше извлечено од речното корито со градежна механизација, откако несреќата била пријавена во тетовската полиција вчера околу 11.30 часот.
Специјализирана екипа од МВР, тетовските пожарникари, вработените во општина Желино и екипа на нуркачи од Дирекција за заштита и спасување Велес учествуваа во вчерашната потрага што се одвиваше се до стемнувањето, како што извести ЦУК.