фото: Маја Јаневска - Илиева

На подрачјето на СВР Штип приведени се тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол. Лицата се исклучени од сообраќај, а против нив ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера на улицата „Гоце Делчев“ во Штип е приведен С.О.(50) кој имал 1,99 промили алкохол во крвта.

Ноќеска во 02.45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево приведен е 18-годишниот Д.С.кој имал 1,62 промили алкохол во крвта.

Вчера на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица приведен е Д.В.(34) кај кој е констатирано дека возел со 1,53 промили алкохол во крвта.