Три возила се судриле, а комбе со скопски регистрации е превртено пред превојот „Стража“. Од МВР за „Макфакс“ велат дека едно лице е пренесено и во болница. Екипа со јавен обвинител излегла на терен.
– Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три товарни моторни возила (комбиња):„ивеко“ со прилепски регистарски ознаки управувано од 46-годишниот Р.Б. од Прилеп, „фиат“ со скопски ознаки што го управувал 39-годишниот скопјанец Ц.М. и „пежо“, исто така, со скопски регистарски ознаки управувано од 38-годишниот скопјанец И.А. – велат од МВР.
Сообраќајот повеќе не е во прекин, а возилото е отстрането.
– Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот на „пежото“ И.А., кој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош – додаваат од МВР.