Како резултат на вчерашната оперативна меѓународна акција под кодно име „Вардар“, предметен обвинител од ОЈО Скопје, овластен да постапува во овој предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донел Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека како организирана криминална група фалсификувале европска валута – евра во различни апоени.
– Осомничените, освен кривично дело Злосторничко здружување, сториле и кривично дело – Фалсификување пари, додека на прво и на петто осомничениот им се става на товар дека сториле и кривично дело – Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување. Дополнително, за првоосомничениот постои основано сомнение дека сторил и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело – информираат од Обвинителството.