Фото: МИА

Стан во зграда на булевар „АСНОМ“ во Скопје, на потегот меѓу хотел „Русија“ и хотел „Хилтон“ утринава е опожарен од плинска боца.

Според информации на известувачот на МИА од терен, пожарот е изгаснат и нема жртви.
Командантот во изјава за МИА информираше дека е интервенирано со 5 противпожарни возила и 14 пожарникари.

Пожарот бил пријавен во 9.40 часот.