Фото: Влада

Во Термоелектраните произведени се 8.737 мегаватчасови. Во функција се два блока на РЕК Битола и едниот блок на РЕК Осломеј. Во ТЕЦ Неготино во тек се сервисни и ремонтни активности со цел зајакнување на постројката за следниот период кога се очекува поголема потрошувачка на струја. Во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци вчера година произведени се 3.124 мегаватчасови, се посочува во денешното соопштение од Владата.

Како што се наведува, АД ЕСМ вчера целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.