Фото: Град Скопје

Здружени екипите на Инспекторат на Град Скопје, Бригадата за противпожарна заштита, ЈП Комунална хигиена, ЈП Улици и патишта и ЈП Водовод и канализација Скопје, со цистерни и тешка механизација синоќа неколку часа ги гаснеа подметнатите пожари на депонијата во Визбегово. Веќе се локализирани и изгасени две од вкупно пет опожарени локации, соопшти прес службата на Град Скопје.

Во текот на вчерашниот ден Инспекторатот за животна средина затекна сред палење депонии лица на повеќе локации за кои е изречена глоба и изготвен поднесок до соодветните институции за одговорност. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 25 сторители.