Фото: Архива/Маја Јаневска-Илиева

Во СВР Скопје утрово, во 3:16 часот, било пријавено дека на улица „Методија Шаторов – Шарло“ во Општина Аеродром бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на Македонија.

Како што соопшти МВР, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ).

– Увидот е во тек и го вршат увидна екипа од СВР Скопје, Одделот за форензички испитувања при МВР и јавен обвинител – информира МВР.