Фото: Пиксабеј

Шеесетгодишен охриѓаец загина, а уште тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа, која се случи вчеравечер на магистралниот пат Битола – Ресен, кај селото Братиндол.

Несреќата се случила по 19 часот, а се судриле две патнички возила „бмв“ и „клио“. Автомобилот „бмв“ го управувал 24-годишниот Б.Н., а со него бил и 25-годишниот К. Ш., двајцата од Ресенско.

-На 6.11.2023 во 19.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола–Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од с.Езерани-ресенско и патничко моторно возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(60) од Охрид. Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола каде возачот Г.С. починал. Со телесни повреди се здобиле двајца сопатници од двете возила – соопшти МВР.

Екипата на СВР Битола изврши увид на самото место. Сообраќајот на патот Битола – Ресен е нормализиран.