Фото: МВР/илустрација

Основното јавно обвинителство во Битола отвори истражна постапка против 54-годишен маж, осомничен за сторени кривични дела, Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик..

Според соопштението, постои основано сомнение дека во текот на 2025 и 2026 година, во викенд-куќа во селото Облаково, осомничениот во повеќе наврати вршел недозволени дејствија во присуство на неговото малолетно дете, при што му прикажувал несоодветни содржини и го изложувал на штетно однесување.

Со цел обезбедување на присуство на осомничениот и непречено водење на постапката, јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка при Основниот суд во Битола.