Фото: МИА/Илустрација

На електронските адреси на 12 училишта во Скопје денеска е упатена закана за оставена експлозивна направа, информира Министерството за внатрешни работи.

Полицијата презема мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Дојави за бомби има цела недела во скопските училишта, а закани беа испратени и до две училишта во Куманово и четири во Прилеп. Покрај официјалните електронски адреси на училиштата, заканите се упатуваа и на приватни мејлови на професори. Досега, како што информираше МВР сите дојави за бомби се лажни.