На околу пет километри пред Тетово на автопатот кон Скопје синоќа во сообраќајна несреќа животот го загуби 24 годишник од Свети Николе. Несреќата била пријавена во СВР Тетово околу 20 часот и 30 минути.
-Во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје патничко возило „Голф“ со регистерски таблици од Свети Николе, управувано од В.З.(24) од Свети Николе, излетало од коловозот. Возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Тетово, информира Фатмир Реџепи – портпарол на СВР Тетово.
По наредба од Јавен Обвинител при ОЈО Тетово, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција. Увид врши а екипа од СВР Тетово.