Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против двајца жители на Скопје, осомничени за кривичното дело „полов напад и силување“, преесе МИА.
Од МВР информираат дека СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, преку Одделението за крвни и сексуални деликти, по брза постапка доставила кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против А.М. (41) и Ј.Р. (34), поради основано сомнение дека сториле кривично дело по член 186 од Кривичниот законик.
Според пријавата, осомничените на 17 јули, околу 21.45 часот, покрај патот меѓу Горно и Долно Лисиче, со употреба на физичка сила и закани извршиле силување врз 32-годишна жена, државјанка на Србија со престојувалиште во Скопје.
Осомничените се изведени пред судија на претходна постапка, кој им определил мерка за привремено одземање на патните исправи.
Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.

































