Неколку часа траеше гаснењето на пожар што избувна денес во подрумските простории на зградата на општина Тетово. Пожарот почнал околу 15 часот и 15 минути, а е изгаснат за неколку часа од страна на пожарникари.
– Интервенирано беше со четири возила и 12 пожарникари – информираше Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.
Од огнот изгорел складиран изборен материјал од изминатите изборни процеси.