Денеска во СВР Скопје во 10 часот е добиена пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј. (вработен во клиниката) вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во полициската станица Центар, информираат од МВР. Оттаму велат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Министерството за здравство ја имформира јавноста дека денеска на Клиниката за кардиохирургија се случил инцидент за што е известена полицијата.
– Министерот за здравство Фатмир Меџити е запознаен со настанот од здравствените работници побара совесно и професионално однесување и да се посветат на пациентите – се вели во соопштението од министерството.