Пожар избувнал попладнево во Расадникот во општина Кисела Вода и веќе се интервенира за негово гаснење, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Зафатена е поголема површина со оревови дрвја, грмушки и трева и се шири во сите насоки – вели во видео изјава директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
– Верувам дека околните објекти ќе бидат навреме заштитени, од едната страна има бензинска станица, а од другата згради, но нема потреба од вознемиреност без оглед на густиот чад што се гледа од поголем дел од градот. Граѓаните нека останат спокојни бидејќи верувам дека пожарникарите набргу ќе го стават под контрола и ќе го изгаснат овој невообичаен пожар. Имаме шумски пожар во градот Скопје – вели директорот на ЦУК.
Пожарникарите се веќе на терен и се очекува пожарот наскоро да биде ставен по контрола, а до крајот на денот и да биде изгаснат.
Ова е невообичаен пожар, среде град, апсурдно е ова – вели Ангелов.