Полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Берово вчера во 10.35 во Кочани и синоќа во 01.00 часот во Берово, ги лишиле од слобода Е.В.(23) од Радовиш и М.Ц.(46) од Берово затоа што управувале возила под дејство на алкохол.
-При сообраќајна контрола на ул.„Т. Паунов“ во Кочани, полициски службеници сопреле возило „мерцедес“, кое го управувал Е.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во организмот. Исто така, при сообраќајна контрола на ул.„Страшо Пинџур“ во Берово, било сопрено патничко возило „опел“ кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,60 промили алкохол во организмот – соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.