Во полициска акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на скопско Арачиново, вчера е лишен од слобода А.Д.(40), вработен во еден од локалите.
Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, Единица за интервентна полиција, Одделение за Потраги и Одделот за специјални полициски операции во извршената контрола кај него пронашле пиштол „ТТ” и рамка со осум куршуми.
– Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од Кривичниот законик – соопштија денеска од МВР.
Инаку, во рамки на акциската контрола бил извршен преглед на 54 лица затекнати во угостителските објекти и 11 возила.