Три лица се обвинети за користење лажни ПЦР тетсови со кои сакале да ја напуштат државата, информираат од министерството за внатрешни работи.

Против двајца турски и еден швајцарски државјанин скопското јавно обвинителство поднесе обвинителни предлози заради- Фалсификување исправа казниво по Кривичниот законик, соопштува МВР.

Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за Сарс-КоВ-2 вирусот.

Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, тие ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица.