Фото: Архива

Автомобил излетал од магистралниот пат Кочани – Делчево, кај с. Очипала, при што возачот добил тешки повреди.

Според информациите, се работи С. Ц., жител на Делчево.

Во несреќата, што се случила вчера, возачот С. Ц. добил тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево.