Во полиција, вчера во попладневните часови, било пријавено дека на локалниот пат Струмица до село Просениково, од коловозот излетал автомобил „ауди А4“, управуван од 58-годишниот Б.К. од Радовиш.

Возачот починал на местото на незгодата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Струмица.