Деветнаесетгодишно момче од Скопје вчера било пронајдено починато во напуштена куќа на улицата „Перо Наков“. Според информациите од МВР, кај починатиот Р.У. немало траги на насилство.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.