Училница и дел од ходник во училиште во Скопско биле опожарени, информира полицијата.

Вчера во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во училиште на улица „Ферид Бајрам“ настанал пожар, при што била опожарена една училница и дел од ходникот.

Во тој дел од училиштето во моментот немало ученици, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје.