Малолетник синоќа прегазил познат хирург пред Клиничкиот центар во Скопје. Лекарот се здобил со тешки повреди.

Како што информира полицијата, синоќа во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Мајка Тереза“ и ул.„Елисие Поповски-Марко“, патничко возило „бмв х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од скопското село Сингелиќ, удрило во хирургот Ѓорѓи Јота (58) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобил лекарот кој се движел пеш. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.