Жената во Табановце починала од повреди здобиени од остар предмет, а нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, соопштија попладнево од МВР.

Утрово, нешто по 8 часот, во кумановската полиција било пријавено дека во семејната куќа во селото Табановце биле пронајдени починати и со видливи повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36).

По преземани мерки било констатирано дека жената починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, се наведува во соопштението на МВР.

Претходно, обвинителството, а сега и МВР потврдија дека по извршениот увид, телата по наредба на обвинителот биле предадени на обдукција.