Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Србија, на потегот од Београд кон Добановци. Сударот се случил помеѓу автомобил и камион кој бил дел од конвој со полициска придружба. Македонецот бил на 35-годишна возраст.

Во истата несреќа што се случила синоќа четири други лица се повредени и со брза помош се префрлени на лекување. Се претпоставува дека несреќата ја предизвикал камионот од конвојот, но, како дошло до несреќата, ќе утврдува истрагата.

– Во несреќата учествувале четири возила од конвојот меѓу кои бил и возач од Полска за кого се сомневаме дека ја предизвикал несреќата. Тој е задржан и одредено му е задржување до 48 часа, по што ќе биде спроведен во Обвинителството – објаснува извор за српски „Курир“.

Инаку, камионите што транзитираат низ Србија имаат полициска придружба, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот кој зема замав на нивната територија. Камионите не можат да застануваат онаму каде тие сакаат, туку само на места предвидени за таа намена.